EPAY - Безготовинско плаќање
Shqip English 
Почитувани корисници,
Услугата EPAY претставува едноставен и безбеден начин за електронско плаќање на Вашите месечни сметки во 4 едноставни чекори, без провизија и дополнителни трошоци. Услугата овозможува плаќање на повеќе сметки одеднаш, со едноставно одбирање на истите. За да добиете потврда за уплатата, мора да оставите валидна адреса за е-пошта до која уплатата ќе биде доставена. Таа адреса е задолжителна и без неа нема да може да ја извршите уплатата.

Чекор 1: Внесете го Вашиот референтен број и бројот на една од Вашите фактури кои сакате да ги платите.
Чекор 2: Одберете кои фактури сакате да ги платите и внесете електронска пошта на која што сакате да добиете повратна информација за извршеното плаќање.
Чекор 3: По направениот избор, ќе добиете преглед за потврда со избраните фактури и вкупниот износ за плаќање.
Чекор 4: Откако ќе потврдите кои фактури сакате да ги платите, потребно е да ги внесете податоците од Вашата кредитна картичка, за да се изврши самото плаќање. Овие податоци се внесуваат директно на веб страницата на банката и Неотел нема никаков увид во истите.

Безбедност на електронското плаќање
Неотел ги информира своите корисници дека при посета на веб страницита support.neotel.com.mk, не прибираме лични податоци и немаме пристап до информациите поврзани со Вашата картичка или со Вашата банкарска сметка. Заштитата и безбедноста на Вашите лични податоци ја сфаќаме сериозно и одговорно. За таа цел, веб страницата до која пристапувате користи сертификат за безбеден пристап до истата. Безбедноста на вашите трансакции е загарантирана со безбедносните програми MasterCard Secure Code и Verified by Visa, обезбедени од страна на Банката.

  Copyright © 2005 - 2011 Неотел EPAY