EPAY

Кои документи ми се потребни за потпишување на договор?

1. За договор за интернет пристап:

  • Лична карта од потписникот на договорот
  • Последна платена сметка од домашната адреса (струја, вода, телефон, парно и сл) Сметката мора да се води на име на потписникот на договорот, или евентуално на член од неговото потесно семејство (со услов презимето да биде исто)

2. За договор за телефонија:

  • Лична карта од потписникот на договорот
  • Последна платена сметка од домашната адреса (струја, вода, телефон, парно и сл) Сметката мора да се води на име на потписникот на договорот, или евентуално на член од неговото потесно семејство (со услов презимето да биде исто)
  • Потврда за редовен работен однос, или пак М1 и М2 образец


Доколку потенцијалниот корисник е со стан под кирија, во тој случај потписник на договорот треба да биде газдата на станот, или пак тој да му издаде полномошно на корисникот со што ќе го овласти за склучување на договор.

 
< Претходно   Следно >