EPAY

Дали може да се префрли број од Македонски Телеком во Неотел, колку и каде треба да се плати?
Може да се задржи постоечкиот број од другиот оператор, а притоа корисникот да премине во мрежата на Неотел. Предуслов за задржување на бројот е корисникот да ги има подмирено сите сметки во операторот од каде што се портира бројот и да нема никаков долг (доколку се портира од Македонски Телеком, ова значи дека корисникот треба да ги има подмирено сите сметки со Телеком).  Корисникот не го раскинува договорот склучен со другиот оператор, туку доаѓа во Неотел и пополнува барање за пренесување на бројот а потоа постапката се води помеѓу операторите.

Цената на истото е 200 денари еднократно, и истиот надомест се плаќа во операторот од каде што се портира бројот, бидејќи бројот е во нивна сопственост пред да се изврши портирањето. Доколку на пример се портира од Македонски Телеком - ќе ви пристигне фактура од Македонски Телеком, со износ 200денари без ДДВ, која што мора да се подмири за да има сервис корисникот со Неотел.
 
< Претходно   Следно >